еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Какви Водици во гнасни води, какво Богојавление кога ни прст пред око не се гледа

Не престануват реакциите на граѓаните на социјалните мрежи за загадувањето на воздухот, но и на водата во реките во Македонија во кои вчера се празнуваше големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Меѓу нив, е и еден од најпознатите македонски писатели Томислав Османли кој на својот Фејсбук профил напиша „Какви Водици во гнасни води, какво Богојавление кога ни прст пред око не се гледа“.

Неговиот коментар се чини е најсоодветен со оглед на тоа што Скопје беше на врвот на светската листа на најзагдени градови.

Истовремено, Граѓанско демократската унија на својот Фејсбук профил објави видео од кое може да се види во каква вода се скокаше по крстот во Штип.

„Погледнете како изгледа системот и каде денеска беше фрлен Светиот крст во водите на река Брегалница. Додека верниците скокаа во светите води на реката, фекалии им капеа на главите. Тоа не им сметаше на локалните челници да се сликаат, снимаат и да објаснуваат колку големи верници и одговорни политичари се.

Вакво сквернавење на настанот и Светиот крст не се памети во историјата на Христовата вера никаде по светот! Додека премиерот Заев повикува да се очистиме од гревовите кои сме ги направиле во светите води, неговиот потпретседател Бочварски ги искапи штипјани во фекалии. Срам, резил и огромна неодговорност!“, напишаа од ГДУ.

Штип Водици 2019

Во Штип е фатен Светиот крст но можеби и Ешерихија коли од изметот!!! Срам, резил и неодговорност! Погледнете каде беше фрлен Светиот крст во Ново Село- Штип. На прес-конференција на 17 декември 2018 година, претседателот на ГДУ-Штип Борче Пачемски, постави прашање до градоначалникот и локалната самоуправа, зошто градот изгубил 10 милиони евра за реконструкција на колекторскиот систем во нашиот град? За жал општината немаше конкретен одговор. Погледнете како изгледа системот и каде денеска беше фрлен Светиот крст во водите на река Брегалница. Додека верниците скокаа во светите води на реката, фекалии им капеа на главите. Тоа не им сметаше на локалните челници да се сликаат, снимаат и да објаснуваат колку големи верници и одговорни политичари се. Вакво сквернавење на настанот и Светиот крст не се памети во историјата на Христовата вера никаде по светот! Додека премиерот Заев повикува да се очистиме од гревовите кои сме ги направиле во светите води, неговиот потпретседател Бочварски ги искапи штипјани во фекалии. Срам, резил и огромна неодговорност!

Posted by Граѓанско Демократска Унија-ГДУ-Штип on Сабота, 19 јануари 2019

Видео:Фејсбук/ГДУ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Урнебесни видеа“: Водици во Валандово, Струга, Тетово, Кратово, Селце, Моришта…

Твитер „зовре“: „Само ние и бубашвабите можеме да издржиме вакво загадување„

Кој загадува?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Бирото за метрологија за набавка на возила

Никола Осило

Иванов за последен пат ќе се обрати пред пратениците на 28 декември

Редакција

„Вардарградба“ го доби тендерот за изградба на државни згради во Бутел „тежок“ 8,4 милиони евра

Никола Осило