еМагазин
Image default
Бизнис

Калориметри за приклучените на парно, РКЕ предлага граѓаните да ги купуваат на рати

Регулаторната комисија за енергетика предлага да се најдат соодветни механизми со кои на приклучените на парно греење ќе им се овозможи да постават калолиметри.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски вели дека Владата, Градот Скопје и операторот на дистрибутивниот систем треба да најдат начин со кој ќе им се овозможи на приклучените на парно греење да го платат на рати трошокот за поставување на калолиметри или делумно да се намали поставувањето на овие уреди.

– РКЕ останува на ставот кај приклучените потрошувачи да започнат да се поставуваат соодветни уреди односно калолиметри. Притоа ги повикуваме операторот на дистрибутивниот систем, Владата и Градот Скопје да изнајдат соодветни механизми, овие трошици за приклучените потрошувачи да се намалат делумно или да им се овозможи да го платат трошокот на рати. Очекуваме дека тој што ќе набави поголеми количини калолиметри ќе даде можност овој трошок да се подели најмалку на 12 рати, изјави Бислимовски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бислимовски: За најмалку 20 отсто ќе се намали цената за приклучок на струја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за набавка на компјутери вреден 197.000 евра

Никола Осило

ФЗЦ 11 Октомври со намалена добивка

Никола Осило

Оилко откупи сопствени акции

Редакција