еМагазин
Image default
Бизнис

„КАМ маркет“ – најпосакуван работодавач за 2022 година во категоријата маркети

„КАМ“ е прогласен за најпосакуван работодавач во категоријата маркети на првите награди за најдобри работодавачи во организација на веб-страницата за пребарување работни места Vrabotuvanje.com, информираат од таму.

Наградите беа доделени врз основа на три критериуми – број на посети на огласите и објавите на „Вработување“, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно истражување спроведено од организаторот.

– Сите признанија ни се драги, но особено сме благодарни за оваа награда, бидејќи се однесува на сегмент што нам како компанија ни е особено битен, а тоа се вработените и нивното задоволство.

Воедно, ова е и поттик да продолжиме со унапредување на условите и грижата за вработените. „КАМ“ е едно големо семејство и секој член во него е важен, и тие што се долги години со нас, и оние што допрва ќе ни се придружат, велат од „КАМ“.

Наградата не е изненадување ако се има предвид дека освен што КАМ има највисок просек на плати во категорија маркети, компанијата континуирано, без оглед на моменталните економски услови, е доследна на сопствената политика за грижа и развој на човечкиот капитал, велат од таму.

Покрај континуираното зголемување на платите и бенефициите на вработените, „КАМ“ за своите вработени обезбедува и исплата на регрес кој за минатата година изнесуваше 33.000 денари. Листата на бенефиции за вработените постојано се дополнува и вклучува слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Велигден, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“ итн.

Исто така, Центарот за обука на КАМ реализира програми за вработените за стручно надградување и прилагодување на развојните потреби на компанијата. Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси има и проектот за поддршка на дуалното средно образование, во чии рамки се склучени договори за соработка со 8 средни училишта и педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси на компанијата.

На манифестацијата, замислена како „Оскари“ за работодавачите, беа доделени признанија во 7 категории, како и главна награда за апсолутниот победник.

Организаторот најавува дека наградите ќе се доделуваат секоја година со цел да бидат мотив, признание и потврда дека Македонија има вистински добри работодавачи кои знаат и умеат да ги градат и почитуваат вистинските вредности, а со тоа и да бидат пример на пазарот за труд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на вкупните средства на осигурителните друштва

Редакција

Во август намален прометот во индустријата

Редакција

Гасот од Азербејџан во Македонија ќе стигне преку интерконекторот со Грција, кој ќе се гради годинава

Редакција