еМагазин
Image default
Бизнис

Каматите на новите штедни влогови на рекордно ниско ниво од 1,19 %

Во Македонија има континуиран тренд на намалување на каматите на кредитите и депозитите кај банките кој резултира со рекордно ниски камати за двата вида услуги.

„Во текот на октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечен пад од 0,20 процетни поени и изнесува 4,26%, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,66 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити, овој месец изнесува 1,19 отсто и на месечна и годишна основа се намали за 0,08 процетни поени и 0,19 процетни поени, соодветно“, соопшти Народната банка.

Од Народната банка во нивниот извештај објаснуваат дека во однос на каматните стапки на новоодобрените кредити/новопримените депозити се карактеристични променливи движења.

Ваквите движења на каматните стапки произлегуваат од промените на обемот на новите депозити/кредити (којшто од месец во месец може позначително да се менува), како и од новодоговорената каматна стапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паѓаат каматите на кредитите и на штедните влогови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КАМ: Агенцијата за храна ја потврди исправноста на замрзнатиот зеленчуков микс од „Сани микс“

Редакција

Ќе се раскинат договорите со вработените по Рамковен ако одбијат две опции, најави министерот Шаќири

Редакција

Војдан Јорданов избран за нов член на Одборот на директори на „Триглав Осигурување“

Редакција