еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Камчев: Моите компании работат законски, отворени сме за соработка со СЈО

Извршниот директор на „Орка Холдинг“, Јордан Камчев денеска преку пишано соопштение изјави дека сите негови компании се отворени за соработка со Специјалното јавно обвинителство, како и со сите други државни институции во земјава, а пред се во интерес на одржување квалитетна бизнис клима и економски просперитет во земјата.

Тој ја информира јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3.000 лица, максимално се отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор.

– Компаниите во кои сум сопственик, со целосна одговорност изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење, стои во соопштението.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека е отворена истрагата „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

При денешните претреси на СЈО, уапсени пет лица

СЈО ги „тресе“ фирмите на Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зоран Заев: Првата девојка ми беше од ВМРО-ДПМНЕ“: Твитер реакции за оставката на премиерот

Редакција

Министерката Петровска се уште не добила одговор за иницијативата за споменици на бранителите кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила

Редакција

13 награди и 20 признанија од УНЕСКО за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола

Редакција