еМагазин
Image default
Македонија

Камчев му покажал на Заев видео и четири разговори за „Рекет“

Премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ рече дека на 22 април го пријавил тоа што го видел, односно она што беше објавено од бизнисменот Орце Камчев и од него предадено на Јавното обвинителство – видео на кое не се гледа Катица Јанева, туку комуникација меѓу Боки 13 и Камчев.

-Не можете никој да го обвините претходно, на крајот истрагата ги отвори моментите, па дојдовме до денешната состојба на перцепција кој каде бил и каде постои индиција и можност да биде одговорен, рече Заев.

Додаде дека не се водел воопшто никого да чува и да скрие и дека прва должност му била да пријави.

-Ми беше презентирано видеото и четири разговори кои се доволен основ. Сите треба да бидат еднакви пред законот, секој што има индиции треба да биде сериозно истражен заради тоа што само така сме и нормална земја, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на Централниот одбор на СДСМ.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот Заев го пријавил случајот „Рекет“ на 22 април годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе открие ли Боки 13 работи за случајот “Меѓународен сојуз“ кои не ги знаеме?

Редакција

Рекордни нови 934 случаи на Ковид-19, во Скопје дури 420

Редакција

Со изведување на докази продолжи судењето за случајот „Софтвери”, во кој првообвинет е Рашковски

Редакција