еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Камчев се „отвори“ како сведок на судењето за „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова

Бизнисменот Орце Камчев денеска во улога на сведок даваше исказ во Кривичниот суд на судењето за „Рекет“, каде како што рече, уште во август дознал дека е ставен под ПИ мерки.

Ова му било кажано од адвокатот Васил Димишков, кој му рекол доколку сака да соработува со него требало да му исплати 100.000 евра.

„Ако се договориме, ми рече, ќе издејствува поблага мерка од онаа која ќе ми ја изрече Обвинителството. Јас не прифатив бидејќи немам направено кривично дело“, рече Камчев на рочиштето за „Рекет“, во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Од Јовановски сведокот добил понуда за пи-ар реклама, Камчев му понудил 50.000 евра на што Боки 13 се навредил за висината на сумата.

Во својот исказ Камчев рече дека потоа Боки 13, заедно со третообвинетиот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, кој ја призна вината и беше осуден на три години затвор, му понудил бизнис за отворање фешн молови.

На договорот, кој го понудил Боки 13 на крајот бил потпишан синот на Катица Јанева, но Камчев го одбил.

Според неговиот исказ му била понуден друг проект за пензионерски домови, а на тој состанок му побарал четири милиони евра.

„Во меѓувреме платив 180.000 евра за реклама на неговата телевизија. Потоа ми пушти слика со обвинителката Јанева, по што ми кажа дека се спрема нешто големо против мене“, изјави сведокот и додаде дека „Рекет“ е конструиран од Боки 13 и уште неколку луѓе.

Сведокот рече дека и обвинителката Лиле Стефанова преку нејзиниот пријател Ванчо Чифлиганец барала средства за ќерката на Лиле за ординација во зградата на „Адора“.

Камчев го спомена и покојниот директор на Телеком, Жарко Луковски, кој исто така бил уценуван од Боки 13 дека ќе заглави во „Империја“ и еднаш му платил 10.000 евра, а потоа уште 250.000 евра.

Камчев потоа бил приведен и понудил гаранција за домашен притвор, а во првите денови во фирмите имал и инспекции во сите компании. Ова, рече тој, беше смислен притисок од Боки 13, преку Стефанова и Јанева.

Камчев се консултирал со пријатели од Бугарија, кои го поучиле да му даде пари на Боки 13, но да бидат означени и снимени.

Тој му понудил на Јовановски 250.000 евра, а Боки 13 му пренел дека Јанева е многу нервозна, по што Камчев одлучил да му го исплати милионот.

Додека бил во домашен притвор Камчев четири пати бил во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на разговор и на едно од тие испрашувања Катица му рекла: „тоа што го договараш со Боки да го завршиш”.

Камчев пријавил во УБК дека му дал пари на Боки во чанта Луј Винтон, а потоа обвинетиот другиот ден дошол кај него и му рекол дека од Јанева дознал оти финансиска полиција го следела, бидејќи извадил голема сума пари, на што Камчев му одговорил дека тоа се парите што ги вадел за него и за Катица.

Директорот на УБК го советувал Камчев да ги сочува сите хардискови за да се дадат на вештачење и да се искористат во предметот.

По исказот на сведокот Орце Камчев, почна вкрстеното испрашување.

Денеска на рочиштето требаше да се појави и неговата сопруга Ана Камчева, како сведок, но таа не дојде, поради тоа што била болна.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева.

Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орце Камчев дојде сам на судењето за „Рекет“, неговата сопруга Ана била болна

Продолжува судењето за „Рекет“: Ќе сведочат Орце и Ана Камчеви

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Денешните дојави за бомби во девет училишта се лажни

Редакција

Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе станат ефективни кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени

Редакција

Растат цените на храната: Економските аналитичари очекуваат „подгревање“ на инфлацијата

Редакција