еМагазин
Image default
Македонија

Камчев за Фокус: Гласот од снимките е мој, средбата е оддржана во Бугарија во август

Бизнисменот Орце Камчев, кој се јавува како главен сведок во случајот „Рекет“, за Фокус потврдува дека е негов гласот што се слуша на аудио-снимките кои деновиве се објавуваат на Јутјуб.

Како што вели тој во изјава за Фокус, станува збор за делови од поголем и подолг разговор, кој бил направен на средба во Бугарија кон крајот на август.

“Се работи за делови од поголем, подолг разговор од кој лесно се забележува дека, за жал, тенденциозно се сечени делови кои истиот целосно го вадат од контекст, а тоа придонесува да се создаде погрешна перцепција и погрешни заклучоци за кажаното.

Тоа е разговор кој се одвиваше оваа година кон крајот на август на вечера во Бугарија, а за време на тој разговор бевме присутни четворица од кои јас и уште двајца можеме да потврдиме дека тоа не е целосниот разговор воден тогаш и дека сечените делови оставија многу простор за погрешно толкување на она кое се зборува.

Во истата насока, целосно изваден од контекст е и делот со „наводните закани“. Никогаш во животот ниту сум се служел, ниту ќе се служам со закани, а најмалку од се, како родител, татко на две деца би си дозволил да кажам и упатам закани кон нечии деца“, вели Камчев.

Повеќе во Фокус, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мијалков негира поврзаност со „Рекет“ и дека дал пари за „Империја“

Колку сериозно ќе влијаат новите аудио снимки на епилогот за “Рекет“?

Ќе има ли нови аудио снимки: “Бомби“ пука кој ќе стигне

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во моментов се тестираат 12 пациенти за корона вирусот, осум се комшии на заразените од Дебар

Редакција

Член на Судскиот совет пријавил во полиција дека некој му влегувал во канцеларија и му претурал по работите

Редакција

Едно лице од тимот на обезбедувањето на Пендаровски заболено од корона вирусот

Редакција