еМагазин
Image default
Балкан

Каменос: Ципрас греши што го поддржува веќе мртвиот Договор од Преспа

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, денеска на Твитер упати критики до грчкиот премиер, Алексис Ципрас за Договорот од Преспа.

„Грешка на премиерот е поддржувањето на веќе мртвиот Договор од Преспа“, напиша лидерот на Независни Грци, Панос Каменос на неговиот официјален Твитер профил, веднаш по говорот на Алексис Ципрас во грчкиот Парламент.

Грчкиот премиер истакна дека не се согласува со ставот на лидерот на Независни Грци во однос на прашањето за името, но и во однос на одлуката за повлекување од владата.

„Му кажав и него ќе кажам и јавно. Сметам дека греши, мислам дека не постапува правилно. Исто така не сметам дека опција како оваа беше неизбежна, бидејќи овој избор ги стави во опасност обидите на владата“, објасни грчкиот премиер во парламентот.

МИА/Фото: Независни Грци

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Финишира проектот Преспански договор: Обезбедени 151 глас за доверба на Владата на Ципрас

Независниот пратеник Фокас од Солун се приклучи во пратеничката група на Каменос

Каменос ќе оди и да протестира: Ќе направиме сѐ да го блокираме Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Еди Рама грубо оттурна новинарка, не планира да се извини

Редакција

Мистерија кој отстранил и уништил 105 гранични столбови, некои високи и до еден метар на грчко-македонската граница

Редакција

(ВИДЕО) Како Дачиќ му ја пее „Каљинка„ на Путин

Редакција