еМагазин
Image default
Балкан

Каменос: Скопје е 20 минути работа, доволна е една единица оклопни возила

Една единица оклопни возила за 20 минути ќе стигне до границата со Србија, вели поранешниот грчки министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, во интервјуто за локалната телевизија „ТРТ“ од областа Тесалија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Не чувствуваме закана. Ниту Албанија може да и се закани на Грција, ниту Скопје. Скопје е 20 минути работа. Ако една единица оклопни возила реши да помине, стигнува до крајот на Скопје, ќе стигне до Србија. Одбранбено не нѐ засегаше никогаш, рече Каменос.

Лидерот на Независни Грци во интервјуто вели дека Никос Коѕијас, за Договорот од Преспа дејствувал подмолно и тајно, „но и премиерот има апсолутна одговорност“, бидејќи, како што рече имале одлучено поинаку да ја водат владата.

– Или можам да кажам дека ме измами, коментира Каменос.

Тој откри дека кога беше во САД каде што го предложи планот Б, односно договор со стратешки карактер за земјите од регионот, на заменикот државен секретар му го поставил прашањето: зошто инсистирате?

– Одговорот беше дека предлогот е од вашата влада и господинот Коѕијас. Договорот од Преспа беше предложен од господинот Коѕијас и како што сфаќате, не можев да кажам ништо, откри Каменос.

МИА/Фото: Независни Грци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

MO на Србија: Не гласаа Црна Гора и Северна Македонија за Косово, тие гласаа против Србија

Редакција

Грчка опозиција: Владата доцни со работата на комисиите за трговските ознаки и учебниците

Редакција

Сомнеж за коронавирус во Хрватска: Хоспитализирани две момчиња кои се вратиле од работа од Кина

Редакција