еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Камерниот оркестар на Македонска филхармонија ќе одржи два концерти во Казахстан

Денеска Камерниот оркестар на Македонската филхармонија отпатува во Казахстан, каде што ќе одржи два концерти – во Алмати на 5 септември и во Астана на 7 септември. Гостувањето на Камерниот оркестар на МФ се остварува со логистичка поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Астана и амбасадорот Илија Псалтиров, а по повод Денот на независноста на РМ – 8 Септември.

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, истакнатата виолинистка Анна Кондратенко.

На програмата ќе бидат изведени: „Дивертименто“ од Моцарт, свитата „Холберг“ од Григ, избор од двете дела „Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола, како и македонското дело „Капричо“ од Драган Шуплевски.

„Ми претставува чест и задоволство што со напорната работа во едногодишниот период и нашето внимание кон презентација на Македонската филхармонија надвор од границите на нашата држава, се разбира и како достоен репрезент на културата, да се претставиме за првпат во оваа земја Казахстан.

Исто така, среќен сум што го враќаме функционирањето на Камерниот оркестар на МФ на сцената. Тоа е навистина битен чекор напред, бидејќи од огромно значење за квалитетот на симфонискиот оркестар е функционирањето токму на Камерниот оркестар, како и на голем број на камерни состави коишто се оформени во овој период, а се исто така составени од членови од оркестарот.

Инаку, концертите во Казахстан се реализираат со помош на амбасадата на Македонија во Астана преку своите партнери и поддржувачи, меѓу кои и почесниот конзул во Алмати, господинот Султан Мукшаев, со помош на нашите помагатели, фирмите ‘Спорт лајф’, ‘Каптел’ и ‘Кнауф’, како и со сопствени средства на Македонската филхармонија“, вели Илиески.

Фото: Македонска филхармонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд

Редакција

Во Веро центар ќе се направи најголемата чоколадна торта во Македонија долга 4 метри

Редакција

Одвој момент за себе во Lisca за Black Friday

Редакција