еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кампања без митинзи или кој прв ќе побара одложување на изборите?

Иако сите политички партии вчера едногласно се изјаснија дека ќе ги почитуваат владините препораки за спречување на ширењето на корона вирусот зачудува што на лидерската средба во Владата воопшто не станало збор за одложување на изборите.

Сега се наметнува дилемата дали македонските граѓани ќе бидат сведоци на први избори без јавни собири, митинзи и непосредни средби со граѓаните, што беше практика во сите изминати изборни циклуси или пак политичките партии, но и Владата калкулираат до последен момент со одложување на изборите.

Имено, тие сигурно се свесни дека постои сериозна можност граѓаните да бидат оневозможени да гласаат поради евентуално ширење на болеста односно продолжување на актуелните препораките за изолација. Би било контрадикторно од една страна да се бара граѓаните да седат дома, а потоа од нив да се бара да излезат на гласање.

Иако се на сила мерки за превенција и спречување на понатамошно ширење на болеста, за жал случаите како што се оној со директорката на Клиниката за кожни болести, но и полните кафулиња деновиве не гарантираат брзо замирање на зарзата од корона вирусот.

Многу поразвиени земји како Велика Британија веќе размислуваат за одложување на изборите. Државната изборна комисија во оваа земја веќе препорача локалните избори закажани за мај, годинава да биде одложени до есента.

Од друга страна, засега во Србија се уште наме одложување на парламентарните и локалните избори закажани за 26 април, ниту пак во Франција на локалните избори закажани за викендов каде граѓаните ќе мијат раце пред да гласаат.

Сепак , кај нас се чини дека политичарите избраа да чекаат пет до дванаесет за да видат како ќе се развива заразата со корона вирусот и сега како никој да не сака јавно да побара одложување на изборите за тоа да не се злоупотреби од политичките противници како страв од гласачите, што секако е најмалку важно кога станува збор за здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прво ќе мијат раце, па ќе гласат: Како ќе изгледаат изборите во Франција, кои не се одложуваат поради корона вирусот

Спасовски и партиските лидери воопшто не разговарале за одложување на изборите

Владата одговорна за корона вирусот, партиите не толку: Кој ќе ги натера граѓаните да излезат на избори?

Филипче: Тешко е во овој момент да се каже дали ќе има одложување на изборите

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Зендели, кој поднесе фиктивна оставка

Редакција

Има осомничени за нападот на Раде Трајковски Штекли, вели Спасовски

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, од кого зависи дали ќе има „уривање“ на Владата

Редакција