еМагазин
Image default
Македонија

Канадерите на ДЗС направиле повеќе од 120 лета и исфрлиле 300 тони вода

Дирекцијата за заштита и спасување е вклучена во гасењето пожари и со сите расположливи капацитети и човечки и материјално – технички ресурси, вклучително и специјализираното Авио одделение, како досега така и отсега, секојдневно е подготвено да делува секаде каде што има потреба.

Од ДЗС соопштуваат дека во изминатиот период биле вклучена во гасењето пожари, некои од кои од поголем размер, а некои освен врз животната средина, сериозно се закануваа и по животот на населението.

-Досега тие беа локализирани и ставени под контрола на цела територија во нашата земја благодарение на Специјализираното одделение со воздухоплови за воздушна поддршка кое во секое време е подготвено за делување. Станува збор за елитната единица на ДЗС, составена од исклучително искусен и стручен воздухопловен кадар, професионалци со многугодишно воздухопловно искуство, која изминатиов месец направи повеќе од 120 лета и исфрли на 300 тони вода, наведуваат од Дирекцијата.

Воедно, се додава, директорот на Дирекцијата, Аднан Џафероски, секојдневно е на терен, и е во постојана комуникација со сите Подрачни одделенија на Дирекцијата, со што будно ја следи ситуацијата и под контрола ја држи целата ситуација во државава.

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК утре ќе ги врачи уверенијата за пратеници на ДПА и Левица

Редакција

ДИК: Гласањето мирно, одѕивот до 10 часот 6,31 отсто

Редакција

Сведок на судењето за „Титаник“: Издавани лична карти на луѓе од Мала Преспа без постапка за живеалиште

Редакција