еМагазин
Image default
Македонија

Канческа Милевска за исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката е избрзана и „истресена од ракав“

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат М за гласањето за стартот на уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција, рече дека е направен историски исчекор во оваа фаза во Собранието, односно отворање на Уставот и влегување во амандманска расправа.

„Стојам зад мојата одлука. Лично сметам како Елизабета дека е неопходно да влеземе во амандманска расправа“, изјави Канческа Милевска.

Таа вели дека одлуката ја донела без никакви притисоци, туку врз основа на сеопфатна анализа на состојбата на државата, како моменталната така и претходно.

Според Канческа Милевска, неприфатливо е пратениците да се делат на патриоти и предавници. Повика да се истражи доколку некој обвинува дека пратениците примиле поткуп.

Во однос на исклучувањето од страна на партијата, таа вели дека тоа не може да биде „истресено како од ракав“, бидејќи е надвор од сите постулати.

„Одлуката е избрзана и непринципиелна и верувам дека секој кој размислива, не се согласува со тоа. Има правила, исклучувањето оди надвор од постулати.Партијата не е создадена од денес. За секое исклучување треба обрзаложение и не може да биде од ракав“, додаде Канческа Милевска.

Фото: Канческа Милевска/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкава моќ има Мицкоски: Што пишува во статусот на ВМРО-ДПМНЕ во делот на разрешувања

Бети пак ќе носи Прада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре ветер до 80 километри на час, преодно стабилизирање од четврток

Редакција

8 од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Уставниот суд ќе расправа за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Редакција