еМагазин
Image default
Македонија

Кандидатот за градоначалник на Штип, Сашко Николов и за време на кампањата ќе волонтира во штипската болница

Кандидатот за градоначалник на Штип на СДСМ, Сашко Николов на денешната прес-конференција најави дека и во време на изборната кампања ќе биде со пациентите, односно ќе волонтира на кардиолошкиот оддел во штипската болница, каде што веќе е планирано во фунција да се стави и интензивната соба за потешките пациенти со Ковид-19.

– За време на вонредните парламентарни избори јас ветив дека ќе останам доктор за сите граѓани и покрај пратеничката функција и го одржав ветувањето. Секој слободен момент го користев и се уште го користам во моето каридолошко одделение во КБ Штип, заедно со моите граѓани, грижејќи се и борејќи се за нивното здравје секојдневно.

Така ќе биде и понатаму и покрај сите обврски ќе продолжам да волонтирам на кардиолошкото одделение и секаде каде што има потреба од мојата помош, бидејки состојбата со корона вирусот бара општествена и социјална одговорност од сите нас, вели Николов.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски исто така волонтира во болницата во градот.

Фото: Фејсбук/Николов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данела Арсовска ги собра потписите за кандидатурата за градоначалничка на Град Скопје

Редакција

Фото вест: Почнаа големите гужви на границата со Грција

Редакција

Протестна нота од бугарското МНР поради отстранување на бугарското знаме во Битола

Редакција