еМагазин
Image default
Македонија

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае на 16 февруари

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска на новинарско прашање во врска со кандидатот за претседател од оваа партија рече дека, огласот трае до 31 јануари, по што, партијата ќе излезе со конкретни и детални податоци во однос на самата постапка.

„Веќе најавив дека во деновите кои што ќе следат после 31-ви ќе следи проверка на документите, односно на кандидатурите на сите пријавени во однос на тоа дали ги исполнуваат законски предвидените услови за да се биде кандидат за претседател на Македонија, по што нели, на 16 февруари во Струга ќе ја одржиме конвенцијата на која што ќе се избира де факто и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија“, рече Јанушев.

Во однос на предвремените парламентарни избори тој вели дека од власта деновиве има различни одговори.

„Разбирливо е стравот кој што го има кај нив и бегањето, односно обидот да се избега од  предвремени избори барем засега. Да почекаме да видиме, се надеваме на позитивен одговор во секој случај, бидејќи сметаме дека народот јасно и гласно ќе ја изрази својата волја како што ја изрази на 30-ти септември и како што ја изразува во целиот овој период“, додаде Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се подготвува Влатко Ѓорчев?

Се плашат ли СДСМ и ДУИ од предвремени парламентарни избори?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со испитување на вештачи продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Што се случува со предметот „Пациент“ на СЈО, во кој се гони Бујар Османи

Редакција

Судење за „Тврдина-Таргет“: Поранешен командир на ПС Карпош, бара 20 илјади евра зошто бил незаконски прислушуван

Редакција