еМагазин
Image default
Бизнис

Капитал: Бизнисот со канабис во Македонија со потенцијал од милијарди евра

Неделникот Капитал пишува дека бизнисот со канабис во Македонија има потенцијал од милијарди евра.

Досега 13 компании имаат добиено одобренија за одгледување канабис за медицински цели од Министерството за здравство, а уште неколку биле во процедура на добивање дозвола.

Според информациите на Капитал, канабис индустријата во Македонија е послана на најмалку 30 хектари што е еквивалентно на 45 фудбалски игралишта, но според инволвираните во бизнисот, доколку се остварат планираните приноси,може да се очекува фирмите да свртат од неколку стотици па и милијарди евра.

„Од најмалку две берби на цвет од канабис, на површината за која државата досега има издадено одобренија, се очекува принос од 300 тони цвет од кој може да се произведе околу 30 тони масло, а грубите пресметки покажуваат дека извозот на оваа количина произведено масло може да ѝ донесе на земјата прилив од 1,5 милијарди евра“, пишува Капитал.

Целата анализа на Капитал, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата година носи нови даноци: За приход од 100.000 денари ќе се плаќа данок од 10.800 денари

Редакција

Владата ќе укине 10 илјади работни места, ќе го осиромаши буџетот за 280 милиони евра, реагираат од АПИС за Законот за игри на среќа

Редакција

Охридска банка Сосиете женерал се продава на Штаермеркише Шпаркасе

Редакција