еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Капитол мол го организира Хибрид фест од 25 до 27 јуни

Иднината на движењето и мобилноста е во електричните и хибридни возила. Капитол мол го организира Хибрид фест од 25. до 27. јуни – 3 дена посветени на еко автомобили, скутери, тротинети и велосипеди.

„Постојано се соочуваме со предизвиците на урбаниот начин на живеење. Низ годините загадувањето и глобалното затоплување станаа проблем за сите, како во целиот свет, така и кај нас. Големите компании и умови со децении работат на истражување, методи и решенија кои ќе ни помогнат да ги надминеме.

Според еко трендовите кои ни доаѓаат, иднината на мобилноста е во електричните и хибридни возила.

За нашите посетители и сите заинтересирани да се информираат и да ги видат еко превозните средства го организираме првиот Хибрид фест заедно со ProCredit Bank, Toyota Hybrid, Hamachi и MS Energy“, велат организаторите, Капитол мол.

Хибрид фест се одржува од 25. до 27. јуни и тоа во периодот од 18.00 до 21.00 часот.

За време на настанот ќе има и можности за тестирање на возилата.

Повеќе информации може да се најдат и на: www.facebook.com/capitolmall и capitolmall.mk.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Палењето на дивите депонии во околината на Скопје го загадува воздухот во градот

Редакција

Македонското здружение на млади правници ја тужи Владата и Град Скопје заради загадениот воздух

Редакција

„Го сакам Водно“: Дали Македонија оди кон ЕУ, зависи и од односот кон Водно

Редакција