еМагазин
Image default
Да помогнеме

Караџовска: Од здрава, весела, енергична, позитивна жена се разбудив во болница без две нозе

Снежана Караџовска од Скопје апелира да и се помогне, бидејќи во сообраќајна несреќа ги загубила двете нозе. Апелот кој таа го објави на нејзиниот фејсбук-профил, Ви го пренесуваме во целост:

„Колку е животот непредвидлив, за дел од секунда од една здрава, весела, енергична, позитивна жена, се будите во болница во Едрене и дознавате дека немате две нозе. Пред две години и пет месеци настрадав во сообраќајна несрека во Турција. Автобусот во кој бев патник удри во камион и во тој судар, јас ги изгубив двете нозе над колена. Ампутација е сериозен психички, но и физички проблем за секого па и за мене и моето семејство.

Животот на сите ни се смени од корен. Прво што си помислив кога се разбудив и ја согледав ситуацијата, беше, па добро сега медицината е напредна има современи протези, рехабилитација па ќе можам да функционирам и да се грижам за себе. Но за жал тоа не е така едноставно. По две години и пет месеци јас се уште сум во количка. Живеам на трети кат без лифт во стан во кој немам пристап до балкон. Секое мое излегување од дома е нова траума. Потребно е двајца кои ќе ме носат по скали, сопругот, ќерката или комшиите. Мојата борба е голема, но не и невозможна.

Лица како мене во држави од Европа одат со протези. Моето решение го најдов во болницата АОЕФ во Утрехт, Холандија каде што ќе се изврши потребната операција и обука со кликпротези.

Поради сето горе наведено би Ве замолила доколку сте во можност финансиски да ми помогнете да ги соберам потребните средства. Се надевам дека со ваша помош ќе можам понормално да го продолжам животот со протези, да се грижам сама за себе и да се радувам на истиот.

Исто така ќе ви бидам благодарна ако не сте во можност да донирате, споделете“.

Донациски број на Телеком; 143-191

Донациски број на ВИП; 143- 478

Снежана Караџовска
ул.Огражден бр.4/1-9
1000 Скопје

IBAN MK07300307010243080
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
Komercijalna banka AD Skopje
Macedonija

Денарска жиро-сметка, Комерцијална банка АД Скопје
300- 007016373883
цел на дознака-лекување во странство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На студеното време бездомниците се згрижуваат: Еве на кои броеви може да ги пријавите

Редакција

Повторно сме му потребни на 25-годишниот Марко кој има рак на хранопроводникот

Редакција

36-годишната Катерина Ристовска боледува од мултиплекс склероза, потребни се средства

Редакција