еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Карантински приказни за поддршка на македонското здравство

Пишувачкиот предизвик „Карантински приказни“, кој Издавачки центар ТРИ го распиша кон крајот на март, деновиве го добива својот конечен облик. Овој предизвик поттикна голем број љубители на пишаниот збор, но и докажани автори, да учествуваат во создавањето на една антологија од раскази настанати и инспирирани од карантинот. За успехот на предизвикот говори бројката од над 200 пристигнати „карантински“ текстови на адресата на ТРИ.

Оваа недела Карантинските приказни пристигаат до читателите во две различни изданија: Издание во печатена форма, кое ќе биде гласник на хуманоста и во кое се собрани расказите на докажаните авторски имиња: Јагода Михајловска-Георгиева, Винка Саздова, Петар Андоновски, Ѕвездан Георгиевски, Лидија Димковска, Трајче Кацаров, Наташа Сарџоска, Виолета Танчева-Златева и други.

Оваа книга ќе може да се најде на сите продажни места на ТРИ по симболична цена, а целиот износ од продажбата ќе биде дониран за здравствена опрема на Клиничкиот центар во Скопје.

Така, ТРИ и авторите на свој начин ќе дадат придонес во борбата со пандемијата и за подобрување на условите во македонското здравство. Одлуката за овој потег произлегува од желбата да се биде солидарен со колективната состојба, преку ваквиот пионерски чекор во издаваштвото.

Второто издание од Карантинските приказни е во електронска форма и е достапно бесплатно на апликацијата kniga.mk на Издавачки центар ТРИ. Во ова издание се собрани над 100 авторски текстови од учесниците во предизвикот кои за првпат се претставуваат пред читателската публика.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Божествена литургија на врвот на Крчин

Редакција

Американскиот Универзитет во Бугарија ги подготвува студентите за идните предизвици со дипломи акредитирани во САД и ЕУ

Редакција

Клиника Жан Митрев споредена со Mayo Clinic, по третпат го доби Златниот печат од Joint Commission International

Редакција