Во Македонија, заклучно податоците објавени вчера, се регистрирани вкупно 1.259 лица заболени со коронавирусот.
“Во однос на коморбидитети, кај 343 (27,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 227 лица имаат кардиоваскуларна болест, 70 со дијабет, 68 лица се со хронична белодробна болест, 17 со хронична бубрежна болест и 57 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 131 (49,1%) се присутни коморбидитети“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, заклучно податоци до 21. април, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заболени 214 здравствени работници во Македонија, излечени 25
43 лица од починатите од коронавирусот во Македонија имаат хронична и здравствени состојби
На возраст од 20 до 59 се најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија
Новопочинатиот од коронавирусот од Скопје имал претходни заболувања