еМагазин
Image default
Локално

Катастрофа среде трка на Водно: Со автомобил удрил во две лица и во ѕид

На 11.11.2018 година околу 11,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на патеката за тркање на потегот од Панорама до Средно Водно, додека траела трката на автомобили, С.Т.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во две лица Ј.Н.(39) и А.М. (38), двајцата од Скопје,информира МВР.

Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар кај А.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Н. констатирани биле телесни повреди. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Педесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајната несреќа што се случи кај Ботун

Редакција

(Фото) Во пожарот кој траеше четири часа изгоре горниот дел од главната зграда на „Жито Битола„

Редакција

27-годишно лице се обидело да нападне лекар во Градска болница, скршило биро и компјутер

Редакција