еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Катастрофални податоци за децата во државата: 28 отсто од сите деца во земјата живеат во сиромаштија

Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, по повод Светскиот ден на детето (20 ноември) изјави дека денеска се слави детството и се размислува за огромната одговорност што општество ја има.

„Исто така размислуваме за многуте предизвици за децата во земјава, во однос на смртноста на новороденчињата, детската сиромаштија, загадувањето на воздухот и исходот од образованието.

Според најновите податоци што се на располагање, по стапката на смртност на новороденчиња сме втори во Европа, 28 насто од сите деца во земјата живеат во сиромаштија, само 1 од 300 сиромашни деца во земјата посетуваат предучилишно образование, а 2 од 3 деца одат во средно училиште.

Постои итна потреба да се подобри училишниот успех на децата зашто според податоците што ни се на располагање од меѓународните процени, како Програмата за меѓународно оценување на учениците (PISA), нашата земја е на 67 место од 70 земји“, изјави Перкс.

Но тој е уверен дека со новите реформи што ги усвои владата, а кои ги поддржуваат ЕУ, Светската Банка, УНИЦЕФ и други партнери на ОН, како и граѓанското општество, ќе се подобри состојбата на децата во земјата.

„Во нив спаѓаат целта да се зголеми опфатноста на предучилишно образование за 50%, „Акцискиот план за секое новороденче“, кој има за цел да ја намали смртноста на новороденчињата и да обезбеди сите бебиња да опстанат и да се развиваат, воведувањето мерки за унапредување на основното и средното образование и реформа на системот за социјална заштита со цел да се изнајде подобро решение за детската сиромаштија.

Но, за да создадеме подобро утре за сите наши деца мора целото општество да вложи енергија и да се посвети. Затоа упатуваме апел до сите лидери и сите граѓани да сторат сѐ што можат за да создадат општество што навистина им одговара на децата“, рече Перкс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Отписот на долговите за струја е мерка на социјално одговорни компании и не е на товар на граѓаните

Редакција

Општина Кочани почна да го исклучува јавното осветлување за да штеди струја

Редакција

Препораките на РКЕ остануваат на сила: Нема исклучување од струја, парно и вода додека е вонредна состојба

Редакција