еМагазин
Image default
Македонија

Катица Јанева денеска треба да сведочи за „Рекет“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет“ во кој исказ треба да даде обвинетата поранешна специјална обвинителка, Катица Јанева.

На вчерашното рочиште за предметот, обвинетиот Бојан Јовановски, пред судот рече дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не изнело ниту еден доказ и праша каде се доказите дека земал пари, дека трошел на џипови, гардероба, мебел, патувања и ја финансирал телевизија со пари земени од Орце Камчев.

Обвинителката Вилма Рускоска, одговарајќи на новинарско прашање по рочиште ги отфрли како невистинити обвинувањата изнесени од – Боки 13 дека таа наводно давала информации за истраги.

Таа кажа и дека има доказ оти од кај Орце Камчев торбата завршила во куќата каде што живеат родителите на Бојан Јовановски.

-Тој доказ беше и презентиран и доставен до судот, рече Рускоска.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по изнесената одбрана на вчерашното рочиште посочи дека Обвинителството не извршило вештачење на мобилниот телефон.

Дуковски ги негираше и тврдењата на Рускоска која рече дека поседува фотографија како доказ оти торбата со наводните милион евра завршила во домот на семејството на Бојан Јовановски, ниту тие како одбрана имале увид во тој доказ.

– Одговорно тврдам дека таква снимка не постои, рече Дуковски.

Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки 13 и Катица Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во предметот „Империја“.

Третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец, пак, на првото рочиште за „Рекет“, што се одржа во декември, лани, призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.

На Милески пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот Дуковски: Обвинителството нема доказ во предметот против Бојан Јовановски

Имаме доказ дека торбата со пари од кај Камчев завршила кај родителите на Боки 13, вели Рускоска

Боки 13 на судењето за „Рекет“: Јас прв пријавив кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

51 нов случај на Ковид-19 од 755 тестирања, во Скопје бројот на активни под 3.000

Редакција

Премиерот Зоран Заев во 12 часот ќе им се обрати на македонските граѓани

Редакција

13 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 204 смртни случаи од Ковид-19

Редакција