еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Катица Јанева останува во притвор, одбиена понудената гаранција во имот

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева останува во притвор, откако судијата на претходна постапка ја одбил понудената гаранција во имот, а обвинителката Вилма Русковска дала негативно мислење.

-Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека, до судија на претходна постапка кој постапува по предлог на одбрана на К.Ј. за укинување на мерката притвор и определување гаранција, денеска е доставено негативно мислење од Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на предлогот.

По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот нуди Јанева како гаранција за да излезе од притвор?

Каков имот пријавил поранешниот обвинител на СЈО, Стевчо Донев, кој ќе го застапува предметот „Триста„

Каков имот пријавила поранешната обвинителка на СЈО, Елизабета Јосифовска, кој ќе го застапува предметот „Тотал“

Каков имот пријавила обвинителката Ленче Ристоска, која ќе го застапува случајот „Талир 2„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЈО предлага домашен притвор за Камчев, Панделевски, Јанакиески и Божиновски, за Мијалков се уште нема мислење

Редакција

Села ја повика Бугарија да го крене ветото за Македонија

Редакција

ЕК по изјавата на Радев: Ниедна земја членка не смее да се меша во домашна политика на други земји

Редакција