еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Катица го продаде СЈО и правдата за мебел?

По налог на Јавното обвинителство (ОЈО) за случајот „Рекет“ вчера беше приведена специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување имотна корист, а на крајот од денот доби и 30 дена притвор.

Приведувањето на Јанева на некој начин беше очекуван епилог, а она на што се фокусира јавноста, а и граѓаните на социјалните мрежи е дека специјалната обвинителка заврши во затвор заради 5.000 евра, колку што вреди мебелот што го добила од осомничен во „Рекет“ (Бојан Јовановски) за да ја олесни позицијата на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

На осомничените Јовановски и Зоран Милески-Кичеец пак им помогнала да се извлечат рекет од 1,5 милиони евра од Камчев.

Со право се прашањата на граѓаните, како може обвинителка која зема месечна плата од неколку илјади евра и зад која стои цела меѓународна заедница, толку „ефтино да се продаде„ и дали навистина е таа сумата која ја зела за себе, со оглед на фактот дека јавноста се уште не знае каде се земенети со рекет 1,5 милиони евра од Камчев.

Одговор граѓаните не добија и на вчерашната прес-конференција на ОЈО, на која беше посочено дека детали за тоа каде се парите не може да се споделуваат, поради истрагата која е во тек.

Јавноста се уште нема ни одговор на прашањето колку всушност пари изрекетирале осомничените Јовановски и Кичеец, зошто за сега случајот „Рекет“ се однесува само на Камчев, а во меѓувреме неколку други бизнисмени исто така посочија дека биле рекетирани.

Со право е и сомнежот на граѓаните дека оваа сепак е само уште една циркуска престава во стилот на СЈО, кој го изгуби целосно кредибилитетот кај граѓаните и дека случајот „Рекет“ е далеку од комплетно размотување. Ретко кој верува дека во „Рекет“ се вплеткани само овие тројца, за сега, осомничени.

Дали станува збор за нова циркуска престава за да се спаси некој друг или сериозно решавање на овој скандал, кој може да не чини датум за старт на преговорите со Европската Унија, ќе стане јасно за многу брзо. Тоа ќе се види по тоа дали ОЈО ќе осомничи и други лица и ќе ја прошири истрагата, што ќе се случи со притворот на Јанева…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со полициска придружба Катица Јанева ќе оди на погреб на мајка и во Гевгелија

„Нудам 5.000 евра на било кој од СЈО да ги поапси сите “: Твитер за приведувањето на Катица Јанева за „Рекет“

(ВИДЕО) А1он: Пред да биде приведена, Јанева била со синот

(ВИДЕО) Запленет мебел од куќата на Катица Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измени на правилата за котација на берзата: „Сомнителните“ компании на листа на набљудување

Редакција

Филипче нема информации за заболен политичар од корона вирус или некој од извршната власт

Редакција

Латас се извини: Целта е да ме тргнат од јавноста

Редакција