еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Католиците го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака.

– Велигден е врв на празнувањето во христијанските заедници, но тоа не е само прослава на верниците, туку е моќна порака што добива космички димензии. Бог ни го откри значењето на целиот Универзум, што е најголемата димензија на материјата, нејзиното божество, а најголемиот опсег на човекот е победата над смртта и вечниот живот во таа божествена материја – рече меѓудругото бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утрово минусни температури на Попова Шапка, Лазарополе, Маврови Анови и Крушево

Редакција

Галичка свадба 2022: Спој на традицијата, културното наследство и вистинските партнерства

Редакција

Октомври посветен на борбата против рак на дојка – продолжува националната скрининг програма за рано откривање

Редакција