еМагазин
Image default
Локално

Кавадарчанец скршил нога бегајќи од полицијата за време на полициски час

Кавадарчанец добил скршеници прескокнувајќи ограда при бегство од полиција за време полициски час. Случајот на 30-годишниот кавадарчанец го потврди Ратко Грков, доктор во Брза помош од Кавадарци.

„Интервениравме на повик синоќа околу 18 часот. Младиот човек имаше комплетно две скршеници на двете коски на потколеница. Имобилизиравме и го пренесовме во болница. Стануваше збор за повреда за која е потребен оперативен третман“, рече докторот.

Според тоа што го раскажал 30-годишникот, додека се движел со автомобил му била покажана полициска палка за да застане.

Не го почитувал знакот и продолжил кон селото Марена. Во селото излегол од возилото и се обидел да прескокне ограда за да влезе во дворот на другар. Таму и се повредил.

Со повреденото момче било уште едно лице кое имало зголемена температура и болки во гради и мускули, па било упатено кај матичен лекар за да му се направи епидемиолошка анкета за понатамошно постапување, според препораките на Министерството за здравство.

Со Брза помош било однесено дома со препорака да се самоизолира.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„За Бадник и Божиќ никој не треба да биде сам“: Заеднички ручек на Плоштадот во Кавадарци

Редакција

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце

Редакција

Жена физички нападната на Кејот во Скопје

Редакција