еМагазин
Image default
Балкан

Кина одбила барање на грчка компанија за употребата на терминот „македонско“

Кина, на 23 минатиот месец, одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“, со образложение дека потребна е дозвола за употреба од соседната земја, откри Мариа Спираки, портпаролката на грчката опозициска партија Нова демократија, на брифингот со новинарите.

„Без да го откриеме името на бизнисот, ве известувам дека од страна на Кина, постои отфрлено барање на грчка компанија за користење на терминот „македонски” за нејзините производи, со образложение дека не може да се користи без дозвола од соседната земја. Отфрлањето е со датум 23 февруари 2019“, рече Спираки.

Портпаролката на Нова демократија, конкретниот пример го спомена во контекст на посетата на Ципрас на Скопје, а говорејќи за трговските ознаки коментираше дека „грчките бизниси веќе ја плаќаат цената од штетниот договор“.

„Со Договорот од Преспа, владата ги остави за три години нерешени прашањата за трговските имиња, трговските ознаки и за имињата за производите од нашата Македонија“, рече Спираки.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грците ги лажат дека Заев е Албанец и дека ќе се смени името на хотелот „Македонија палас“

„Скопјанецот“ Димитров, за грчките медиуми не сме веќе БЈРМ, сега сме само „Скопје“, а Македонците се „Скопјани“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Ципрас почна да не вика Северна Македонија

Редакција

Дачиќ: Знаеме дека не прислушкуваат „некои западни сили“

Редакција

Плажите не заслужуваат да личат на бојните полиња од Дивиот Запад, вели албанскиот претседател Мета

Редакција