еМагазин
Image default
Македонија

Кипар станува нов проблем за датум за старт на преговори со Македонија и Албанија?

Земјите членки на ЕУ вчера изразија несогласување околу почетокот на преговорите за влез во Унијата со Северна Македонија и Албанија, а според нивниот заеднички Извештај, одлуката за двете држави би можела да биде одложена до октомври, кога ќе ја разгледува и германскиот Парламент.

Како што објавија западни медиуми кои имаат увид во Извештајот, за време на состанокот Кипар се заканил дека ќе стави вето на секој договор за проширување доколку ЕУ не го заостри својот став поради тоа што Турција истражува природен гас во источниот Медитеран.

Министрите од 28-те земји членки ќе се состанат и денеска за да разговараат за почетокот на формалните преговори за членство на двете балкански земји.

– Имаше големо несогласување меѓу претставниците на земјите членки и не е сигурно дека сите министри ќе можат да се договорат, изјави дипломат од ЕУ.

Кипар се заканил и дека ќе го блокира целиот текст кој се однесува на идната перспектива за сите земји кои тежнееат да се приклучат во Унијата, меѓу кои се Србија, Црна Гора и БиХ, доколку не се реши проблемот со Турција.

Според дипломатот, Никозија бара заеднички став на ЕУ во врска со прашањето за истражување природен гас во источниот дел на Медитеранот од страна на Турција, што според кипарските Грци ја нарушува ексклузивната економска зона.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го приведе лицето што утрово ѝ избега на затворската полиција пред Кривичен суд

Редакција

Ковачевски: Нè очекува економски неизвесна година, земјава е безбедна

Редакција

(Галерија) Кој дојде на прославата на Илинден во Крушево

Редакција