еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кирацовски: Не се препознавам во прекарот Кики, Героски со мене направил фаул

Пратеникот Александар Кирацовски по излегувањето од Обвинителството за гоненење на организиран криминал и корупција каде даваше исказ за случајот „Рекет“ рече дека со обвинителите споделил информации за одредени настани со кои располага, посочувајќи дека Катица, Камчев и Кичеец ниту ги знае, ниту сака да ги запознае.

-Јас сум повикан за еден мал сегмент. Тоа со Камчев, Кичеец, Катица не се дискутираше со мене. Ниту ги знам, ниту ги познавам, ниту сакам да ги запознаам, рече Кирацовски.

Посочи дека како лице од кое се бараат посебни информации бил во Јавното обвинителство, каде ги споделил сите информации за одредени настани со кои располага.

-Се надевам и убеден сум дека од денес ќе завршат лажните вести, манипулациите, инсинуациите кои според мене нанесоа одредена штета на самата истрага, а нанесоа штета на недолжни луѓе. Се надевам дека од денес ќе преовладуваат само фактите, аргументите и она што е вистина, изјави Кирацовски.

Изрази уверување дека процесот ќе биде транспарентен и правичен и оти сите оние кои се огрешиле пред законот, ќе одговараат.

Рече дека себеси се смета за недолжен и оти не присуствувал на ниту една средба на која Бојан Јовановски (Боки 13) се договарал со бизнисмени.

– Не сум ниту член на Меѓународниот сојуз, ниту сум побарал, ниту било побарано да станам член, ниту сум обавувал некоја функција, рече Кирацовски.

Рече дека не знаел оти Јовановски вршел рекет и оти не бил близок со него.

– Ние сме политичари. Многу луѓе бараат од нас да се сликаат. Се надевам дека добар дел од нив не го злоупотребуваат тоа, меѓутоа апослутно не сметам дека во овој дел било кој од нас што се сликал со било кого направил злодело, рече Кирацовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кирацовски рече дека како и сите политичари, така и тој гостувал во емисиите на 1ТВ, особено кога бил шеф на Изборнниот штаб на претседателот Стево Пендаровски.

Додаде дека не се препознава по прекарот Кики со кој се поврзуваше во јавноста.

– Не се препознавам под тој псевдоним. Имав средба со Геровски и сакав да проверам дали ме препознава мене или некој друг. Геровски ми призна дека во однос на мене направил фаул, рече Кирацовски.

За проектот во Битола со старечките домови, рече дека не посредувал.

МИА/фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ред се реди пред Обвинителството за „Рекет“, ама Боки 13 не го викаат на распит

Ременски негира секаква поврзаност со „Рекет“, Боки 13 не го посетила во затвор

(ВИДЕО) Лила Филиповска по распитот за „Рекет“ без изјави за медиумите, новинарите ги поздрави со „чао друштво“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново покачување на струјата ќе има, не се знае за колку

Редакција

Ванчо Ѓоргиев од заедничката Комисија со Бугарија не поднел формално оставка, Османи одлучил да го прекине договорот

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 10 пациенти, а вкупно се лекуваaт 243

Редакција