еМагазин
Image default
Бизнис

Климатските промени го намалија производството на мед

Неповолните климатски услови се одразуваат на произведените количини мед и пчелни производи коишто во континуитет се намалуваат. Малите количини мед се главниот проблем за извоз на овој производ и покрај побарувачката и високите оценки за неговиот квалитет.  Тоа се дел од оценките на производителите на мед присутни со штандови на 15. манифестација „Денови на македонскиот мед“, што традиционално се одржува на ул. „Македонија“ во Скопје.

Како што изјавија изложувачите, порано произведувале 30 килограми од кошница, а сега количината е значително намалена.

Имаат проблем со пласманот, затоа што, како што велат, не произведуваат големи количини. Ги продаваат во локалните места, а дел од нарачките ги доставуваат со карго. Дел од производителите на мед извезуваат во соседните земји.

Субвенциијата  од државата по кошница мед сега изнесува 800 денари.Можности за подобар пласман производителите гледаат со здружување.

На штандовите на ул. „Македонија“ од денеска до недела можат да се вкусат и купат мед, прополис и производи од мед.

Организатор е пчеларското здружение „Матица “ од Скопје, а покровители се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Град Скопје и Општина Центар.

Манифестацијата се одржува под мотото „Козумирајте пчелни производи за убав ден и здрав живот“.

Според последните статистички податоци, во земјава се евидентирани над 4.135 пчелари и деловни субјекти кои одгледуваат 73.960 пчелни семејства или 2,8 кошници на квадратен километар, а годишно се произведуваат 688.000 килограми мед или околу девет килограмиг мед по кошница.

Македонскиот граѓанин троши само 0,5 килограми мед годишно во споредба со жителите на Словенија или Грција кои трошат 1,2, односно 1,6 килограми годишно по глава на жител.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го донесе Буџетот за 2020 година: Повеќе пари за плати во администрацијата отколку за инвестиции

Редакција

Нето надворешниот долг на крајот на вториот квартал зголемен за 2,9%

Редакција

Издадени 94.316, а искористени 4.351 ваучери: Домашните туристи летуваат и на езеро и на планина

Редакција