еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Клиниката „Жан Митрев“ ги стави на располагање своите ресурси во борбата против коронавирусот

Во однос на новонастананата состојба со пандемијата на вирусот Ковид-19 сакаме да ја информираме јавноста дека Клиничка болница „Жан Митрев“ уште минатата недела ги понуди сите свои капацитети на граѓаните на државава, соопшти Клиниката.

„До Министерството за здравство упативме податоци за сите наши капацитети и од вработен персонал и од техничко –технолошка опременост во насока на искористување за потребите на државата, а по план и програма што ќе ги одреди или побара од нас ресорното министесртво.

Во таа насока уште еднаш потенцираме дека понудивме 40 респиратори за возрасни, 6 за деца и 2 транспортни инкубатори за новороденчиња. Нашата клиника спроведува најригорозни мерки за заштита од вирусот во целиот објект на клиниката се со цел врвна безбедност и сигурност на сите пациенти, посетители и вработени.

Ќе Ве молиме сите да се придржувате до препорачаните мерки од ресорното министерство со цел заштита и превенција од вирусот Ковид 19. Тука сме за Вас со полн капацитет. Клиничката болница „Жан Митрев“ се грижи за Вашето здравје!“, велат од Клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот

Редакција

Нови здравствени работници заболени од корона вирусот во болницата во Куманово

Редакција

МВР: Идентификувани 18 лица од „орото во Гевгелија“, ќе има казнени пријави

Редакција