еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Клиниката „Жан Митрев“ продолжува да се грижи за деца со вродени срцеви маани

Во Клиниката „Жан Митрев“ непречено продолжуваат да се изведуваат сите услуги поврзани со вродените срцеви маани на деца од раѓање до 18 години, информираа од Клиниката.

„Имено, во текот на вчерашниот ден е примено неонатално со телесна тежина од 1,2 килограми во нестабилна состојба, кое после 22 дена поминати на интензивна нега, е пренесено во нашата Клиника и во моментот се прават сите пред оперативни анализи, за да може да биде оперирано во текот на следната недела.

Дополнително информираме, дека сите трудници кај кои е констатиран или ќе се констатира плод со вродени срцеви аномалии, како и досега, подлежат на бесплатни прегледи и се примаат во нашата Клиника, без никаков застој.

Пред се за доброто на нашите пациенти, Клиниката останува отворена за сите“, соопштија од Клиниката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема дежурство на токсикологија без кокаин, најскапо виски и вијагра, открива докторот Беќаровски

Редакција

Инфектологот Крстеска за личното искуство со Ковид-19: „Моќта не е кај лекарите, туку кај народот, во одговорноста„

Редакција

Доктор Петличковски: Ќе стигнеме до колективен имунитет и без висок процент на вакцинирани, но плативме превисока цена со 9.000 починати

Редакција