еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Која ќе биде првата фаза во олабавување на мерките по првомајскиот празник

Oлабавувањето на рестрикциите на територија на цела држава по првомајскиот празник ќе се одвива во неколку фази, информираат од Владата.

Во првата фаза, ќе се намали времетраењето на полицискиот час, но задолжително сите ќе мора да носиме маски/марами, а остануваат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од два метри.

„Задолжително носење на маски/марами од среда се однесува на 3 града: Прилеп, Куманово и Тетово.

Во уредбата која треба да се донесе во врска со казнувањето, ќе стои дека првата недела ќе се даваат само опомени, дури потоа казни.

Полицијата има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна. Целта е да не се даде можност за казни без покритие.

Многу важно, целта на оваа уредба, се разбира, не е казнување, туку обезбедување на пошироко почитување на правилата,“ се вели во појаснувањето.

Премиерот Оливер Спасовски најави дека враќањето на животот во нормала ќе започне по првомајскиот празник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: После првомајските празници процес на враќање во нормала

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Свети Николе нема заболено лице од коронавирусот, туку во Општина Лозово

Редакција

Пентагон: За 24 часа преку аеродромот во Кабул евакуирани 16.000 лица

Редакција

Стопанска комора на Македонија-Турција, МАТТО, ја одбележа десетогодишнината од своето основање

Редакција