еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Елизабета Наумовска, новиот заменик-министер за образование и наука

Елизабета Наумовска е новиот заменик-министер за образование и наука. Таа доаѓа на местото на Петар Атанасов.

Што пишува во нејзината биографија?

Родена е во 1967 година и живее во Битола, стои во нејзината официјална биографија.

Студирала на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и е дипломиран професор по физика.

Таа е и магистер по менаџмент со човечки ресурси, академско звање што го стекнала на Факултетот за менаџмент со човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Има околу 24 години работен стаж во образованието.

Од декември 2017 година е директор на средното општинско училиште „Таки Даскало“ – Битола.

Наумовска е еден од авторите на учебникот по физика за средно стручно образование, во издание на „Просветно дело“, Скопје, 2005 година, и е автор е на повеќе статии и трудови.

Таа е член на Здружението на физичари и на претседателството на Астрономското друштво – Битола.

Претходно била член на работни групи во Бирото за развој на образованието за изработка на наставни планови за наставниот предмет физика за неколку образовни профили во рамки на BET1, член на работните групи во БРО за подготовка на наставни планови во физика за средно обрзаование, членувала во неколку невладини организации…

Зборува англиски, бугарски, хрватски и српски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е професионално и приватно, Нина Ангеловска, новата министерка за финансии

Кој е и каков имот пријавил Кирил Колемишевски, новиот заменик министер за економија

Колемишевски, Наумовска и Мехмедовиќ станаа нови заменици-министри

Фото: Фејсбук/Наумовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на зејтинот „Брилијант“ намалена за 40 денари, велат од „Витаминка“

Редакција

Намален бројот на ученици во основните и во средните училишта

Редакција

Финансиска стимулација за матичните лекари ако над 70% од нивните пациенти се вакцинираат, најави Филипче

Редакција