Меѓу уапсените за корупцискиот скандал во Брисел, поврзан со Катар е и потпретседателката на Европскиот парламент (ЕП) и европратеничка од грчката партија ПАСОК- Движење на промена, Ева Каили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се освен Гркинката Ева Каили е уапсен во скандалот со корупција во Брисел поврзан со Катар
Грчката европратеничка е дел од групата Социјалисти и демократи (S&D) од каде е суспендирана, а Каили веднаш беше исклучена и од нејзината партија ПАСОК.
Таа е една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, од кои пет се од групата претставници на S&D.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел
Која е Каили
Каили, која во Грција ја нарекуваат и „барбиката на политиката“, според нејзината официјална биографија е родена 1978 година.
Член е на подмладокот на ПАСОК од времето кога посетувала средно училиште, на 14 години, а на 24 години стана најмладата претставничка во градскиот совет на Солун.
Од 2003 до 2007 година работеше како водител на вестите на грчкиот телевизиски канал Мега.
Ја напушти телевизијата кога беше избрана за пратеник во грчкиот Парламент, каде што беше избрана на два последователни избори.
Од 2014 година, таа е членка на Европскиот парламент, каде што беше исклучително активна во повеќе области.
Како потпретседател на ЕП, Каили, покрај активностите во различни работни групи, беше задолжена и за односите со Блискиот Исток, што на крај и пресуди на нејзината политичка кариера.
Го фалеше Катар
Таа во Европскиот парламент во неколку наврати годинава отворено го пофали Катар, како земја која, според неа, со реформите во работните права, служи како пример за останатиот арапски свет.
Катар пред Мундијалот беше на удар на критики од бројни меѓународни организации за заштита на човековите права поради нехуманите работни услови на кои се изложени странските работници во таа земја, како и разорниот третман на малцинствата, со посебен акцент на жените и ЛГБТ лицата.
Во резолуцијата усвоена во ноември оваа година, Европскиот парламент го осуди Катар за смртта на илјадници странски работници за време на подготовките за Светското првенство во фудбал и ја повика земјата да ги спроведе сопствените закони кои забрануваат тортура и малтретирање.
Фото: Фејсбук/Каили/Министерство за труд на Катар