еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е професионално и приватно, Нина Ангеловска, новата министерка за финансии

Младата бизнисменка Нина Ангеловска (31) и официјално стана првата жена министерка за финансии.

Што пишува во нејзината биографија?

Ангеловска е родена во Скопје, во 1988 година.

Средно образование завршила во скопската гимназија “Раде Јовчевски-Корчагин“, а во 2010 година дипломирала на Универзитетот „Кирил и Методиј“ на Економскиот факултет на секторот Е-бизнис како најдобар студент на генерацијата со постигнат успех од 9,94.

Ја добила и Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

Додека студирала била ангажирана и како демонстратор по неколу предмети, а учестувала и на неколку меѓународни натпревари.

По дипломирањето го стартува првиот бев сајт за групни попусти во Македонија, Групер, кој го води околу девет години.

Во 2012 година станала магистар на економски науки во областа на е-менаџмент, на Универзитетот „Кирил и Методиј“, а во 2016 година стала доктор на науки по организациски науки и управување на истиот Универзитет.

Таа била говорник, предавач и ментор на 300 домашни и меѓународни настани.

Во 2016 година германскиот магазин The Hundert ја вбројува во 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа, а во 2018 година магазинот Форбс ја наградува со престижното признание „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и е-трговија.

Спортски тип

Приватно, Ангеловска секој слободен викенд или време ги користи за патувања и откривање на нови дестинации.

„Патувањата се нешто на кое трошиме пари, а не прави побогати,“ вели таа во интервју за еМагазин од пред неколку години.

Инаку е спортски тип на девојка која што енергијата ја троши на вежбање и спортување, а чувството после секој тренинг го опишува како бесценето. Таа беше и дел од една кампања на „Најк“ како амбасадор на брендот.

„Мајка ми секогаш ме воспитуваше дека учењето и знаењето се единствената работа која никој не може да ни ја земе. Покрај учењето и знаењето во успехот сметам дека играат улога гените на моите родители, имав од кого да учам и на кого да се угледувам.

Додека студирав ги посетував сите можни обуки кои ќе ги видев. Денеска ми е чест што се наоѓам од другата страна како говорник на бројни настани, конфенции и тренинзи“, вели Ангеловска, која како апсолвент на натпревар за најиновативен бизнис план, победи и освои чек од 5.000 евра, пари кои ги вложи за да ја започне Групер приказната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Елизабета Наумовска, новиот заменик-министер за образование и наука

Кој е и каков имот пријавил Кирил Колемишевски, новиот заменик министер за економија

Нина Ангеловска стана првата жена министер за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа пет нови пациенти од корона вирусот, најмладиот од нив на 48-годишна возраст

Редакција

Колку потрошиле владините функционери на кафани, телефон, авиобилети за шест месеци

Редакција

(Видео) Ужасна трагедија во Словачка: Во сообраќајна несреќа загинаа најмалку 13 средношколци

Редакција