еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Која e Рашела Мизрахи, која е предложена од ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за труд и социјална политика

За технички министер за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ ја предлагаат Рашела Мизрахи, која докторирала на Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија.

Има остварено научно истражувачки дејности од повеќе области на Универзитети во Израел, Канада и Македонија, како што се биохемија и молекуларна биологија на репродуктивни клетки на катедрата на проф. Хаим Браитбарт на Универзитет Бар Илан и менаџмент на генетскиот потенцијал во Онтарио, Канада.

Своето работно искуство го стекнува на Институтот за истражување во кардиологија – Њуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и на Физиологија на репродукција, лабораторија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и повеќе други обуки.

Мизрахи работела како консултант на Глобалниот фонд во рамки на програмата за туберкулоза, на мониторинг на лабораторија во Израел, како и Асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, која ВМРО-ДПМНЕ ја предлага за заменик министер за финансии

Koja e Невенка Стаменковска Стојковски, која од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за заменик министер за информатичко општество и администрација

Каков имот пријавила Невенка Стаменковска Стојковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за заменик министер за информатичко општество и администрација

Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 591 случаи на Ковид-19 од 1.683 тестирања

Редакција

(Видео)„Различни светови“: Израелците покажаа како се протестира сред „корона-криза“

Редакција

Комплетно нова влада за 10 дена, новиот мандатар ќе се знае до средината на следната недела, вели лидерот на ЛДП, Милевски

Редакција