еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи

Докторката на науки по биохемија, Рашела Мизрахи не е повеќе министерка за труд и социјална политика во преодната влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски со заедничка фотографија со министерката Мизрахи го коментира нејзиното разрешување

Мизрахи не е повеќе министерка, пратениците ја разрешија пред зори

Таа по шест часа расправа, пред зори, беше разрешена од страна на пратениците во македонското Собрание.

Нејзино разрешување побара техничкиот премиер Оливер Спасовски, откако Грција испрати вербална нота за непочитување на Договорот од Преспа, бидејќи Мизрахи држеше прес конференции во Министерство за труд и социјална политика пред табла со Република Македонија, која одби да ја смени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) „Јас сум горда Еврејка од Република Македонија“: Што кажа разрешената министерка Мизрахи во Собрание

Коѕијас бара забрана за влез на министерката Мизрахи во ЕУ: Реакции во Грција за таблата со „Република Македонија“

Какво образование има

Мизрахи, докторирала на Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија.

Има остварено научно истражувачки дејности на универзитети во Израел, Канада и Македонија, од областа на биохемија, молекуларна биологија на репродуктивни клетки, генетскиот потенцијал…

Работно искуство

Од 2015 до 2017 година е советник во Кабинетот на Министерството за здравство, стои во нејзината официјална биографија.

Од 2009 до 2013 година врши мониторинг на лабораториски животни на Универзитетот Бар Илан во Израел.

Од 2007 до 2009 година е асистент на катедрата за Физиологија на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Клинички стаж стекнала на Ветеринарната клиника за хирургија при Универзитетот за ветеринарни науки – Гфелф, Онтарио, Канада и на Ветеринарната клиника Д-р Налетовски во Скопје.

Мизрахи работела и како консултант на Глобалниот фонд во рамки на програмата за туберкулоза.

Работно искуство стекнува и на Институтот за истражување во кардиологија – Њуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел.

Каков имот пријавила?

Според нејзниот анкетен лист на свое име пријавила стан од 76 метри квадратни во Скопје, проценет на 5,2 милиони денари, стекнат како подарок.

На име на сопругот пријавила земјиште и куќа во Белица, стекнати од наследство и возило Хонда Акорд.

Целиот нејзин анктен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката Мизрахи не очекува да биде разрешена, не била виновна за ништо

Министерката Мизрахи и казна ќе плати, ама таблата со Република Македонија не ја менува

Фото: Фејсбук/Мизрахи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на МВР за телекомуникациски услуги вреден 5,7 милиони евра

Редакција

Претрес во Идризово поради сомневања за кривично правни дејствија

Редакција

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

Редакција