еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Рената Дескоска, која наместо Каракамишева ќе не преставува во Венецијаската комисија

Актуелната министерка за правда, Рената Дескоска е прифатена за нов член на Венецијаската комисија од Македонија. Таа доаѓа на оваа позиција на местото на професорката Тања Каракамишева.

Информацијата на Фејсбук ја сподели Дескоска, а нејзиното име и официјално стои на официјалната веб страна на Комисијата.

Опозицијата негодува, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини за конфликт на интереси и ја повика Антикорупциската комисија да го испита случајот.

И Дескоска исто така вели дека Антикорупциска треба да поведе постапка за нејзиното именување.

Нејзиниот мандат е 4 години.

Која е Дескоска?

Проф. д-р Рената Дескоска е родена во мај1972 година во Скопје, стои во нејзината официјална биографија.

Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 1994 година со просечен успех 9,55.

Постдипломски студии завршила со просечен успех од 10,00 и магистрирала на тема: „Типови извршна власт” во 1997 година, на Правниот факултет во Скопје.

Докторирала на Правниот факултет во Љубљана во 2002 година, на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со студии на случаи од Република Словенија и Република Македонија” со што се стекнала со назив Доктор по правни науки.

Од 1995 до 1998 година била демонстратор на Правниот факултет – Скопје, а во 1999 година се вработува како асистент на истиот факултат, каде во 2012 година е избрана за редовен професор на научната област уставно право и политички систем.

Во 2014 и во 2016 година е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во периодот од 2015 до декември 2016 година, Дескоска ја извршува функцијата потпретседател на Собранието на Република Македонија од септември, и шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Од септември 2015 година, како член на Парламентарното собрание на Советот на Европа, е и член на ад-хок комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на парламентарните избори во Бугарија во 2017 година, и член на ад-хок комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Србија во 2017 година.

Во 2012 година, на предлог на Венецијанската комисија, Дескоска е избрана за член на Советодавниот панел на експерти за слобода на вероисповед на ОДИХР (ODIHR Advisory Panel of Experts on Freedom of Religion or Belief).

Во периодот од 2008 и 2009 година таа е консултант за избори на UNDP, а во 2003-2004 е консултант на DIFID.

“Со своето професионално искуство, Дескоска се јавува и како домашен експерт за „Правната и институционалната рамка за интеретнички дијалог“ (2009), член е на работна група за подготовка на „Националната стратегија за интеграција на Република Македонија во Европската Унија“ (2003), Советник за уставни и правни прашања во Кабинетот на претседателот на Република Македонија (од 2004 до 2009), и член на ад-хок комисијата за испитување на настаните од 24-ти декември 2012 година“, стои во нејзината биографија.

Учествувала на четириесетина конференции, тркалезни маси и семинари. Има објавено 38 трудови на англиски јазик, 14 трудови на македонски јазик, а учествувала и во повеќе од 35 домашни и странски проекти.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ги сменат ли бугарските клубови “Ванчо Михајлов“ и “Цар Борис Трети“ имињата, имаат рок од три месеци

Редакција

Клубот „Аватар“ се пререгистрирал како кафе бар, полицијата му поднесе кривична за непочитување на здравствените прописи

Редакција

Турција официјално си го промени името

Редакција