еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е таа пријателска земја што му помогнала на „рекетираниот“ бизнисмен во случајот „Рекет“?

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кој на својот Фејсбук профил го коментираше случајот „Рекет“, не знае која е таа пријателска земја која му помогнала на „рекетираниот“ бизнисмен од случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство.

„Знам дека секое расветлување, отплеткување ни помага и нам како на општество и на тоа како гледаат членките на ЕУ кон нас. Осветлувањето е многу поздраво од пикањето под килим“, изјави вчера Димитров, кога новинарите го прашаа која е таа земја.

Во јавноста и медиумите освен што на големо се шпекулира со името на бизнисменот, но и со името на јавниот обвинител кој е наводно инволвиран во случајот, неофицијално се спомнуваат неколку земји, како Бугарија, САД, Велика Британија…

Од Јавното обвинителство за сега нема официјална потврда ниту за името на бизнисменот, ни за обвинителот или обвинителите, ниту пак за „пријателската“ земја.

Порталот МКД.мк, пак објави дека бизнисменот со помош на бугарски специјални служби, снимил неколку од водените разговори со првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски (Боки 13).

“На тие снимки отворено се бараат пари, а потоа дел од нив и се исплаќаат. Овие снимки од службите на соседот, меѓу другите, му биле предадени дури и на премиерот Зоран Заев„, пишува порталот.

Од Јавното обвинителство соопштија дека за случајот имаат аудио и видео снимки и дека биле користени ПИ-мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?

Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

За случајот со Боки13 и Зоран Милески, Обвинителството има аудио и видео снимки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актуелните правила за патување во Грција продолжени за уште две седмици

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Зеќир Рамчиловиќ

Редакција

Пат до Берлин со дваесетина билети за едно возење на ЈСП

Редакција