еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Александар Стојкоски, новиот градоначалник на Ѓорче Петров

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави градоначалниците кои беа избрани во првиот круг од Локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечна детална листа: Кои се избраните градоначалници во првиот круг на локалните избори

Кој е Александар Стојкоски

Александар Стојкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров.

Роден е во март 1982 во Скопје.

Тој е сопруг и татко на две деца.

Љубител е на спортот, планинарењето и велосипедизмот.

Работно искуство и политичка кариера

Стојкоски е доктор радиолог на Институтот за радиологија во рамки на Клиничкиот центар.

Тој е долгогодишен член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров и активист од Унијата на млади сили на партијата.

Тој е и поранешен пратеник во Собранието и член на Советот на Општината.

Во Собранието бил член на Комисијата за здравство, Комисијата за труд и социјална политика, заменик-член на Комисијата за европски прашања…, како и дел од пратенички групи за соработка со парламенти од други земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Томе Христоски, старо-новиот градоначалник на Крушево

Кој е Александар Георгиевски, новиот градоначалник на Илинден

Кој е Анго Ангов, старо-новиот градоначалник на Дојран

Кој е Борче Јовчески, новиот градоначалник на Прилеп

Фото: Фејсбук/Стојкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски поднесе кривична против обвинителката Ивана Трајчевска за случајот „Софтвери“

Редакција

Нови 74 случаи со Ковид-19 од 689 тестирања, најмногу во Гостивар

Редакција

Во Собранието сè уште не е доставена оставката на Заев

Редакција