еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е американскиот сентор Берни Сандерс, чии мемиња ги „преплавија“ социјалните мрежи низ светот

Ни Џенифер Лопез, ниту Лејди Гага, ниту пак поранешните претседатели на САД, не успеаа да привлечат толку многу внимание на инагурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, како американскиот сенатор, Берни Сандрес (78), од чија општо позната скромност се „родија“ бројни мемиња, кои ги преплавија социјалните мрежи низ светот и во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот сенатор Берни Сандерс „нурка“ во Охридското Езеро

Берни Сандерс „седи„ на клупа во Скопје: Мемињата со американскиот сенатор хит и во Македонија

КОЈ Е БЕРНИ САНДЕРС

Бернард Сандерс е роден на 8 септември 1941 година.

Потекнува од работничко еврејско семејство и израснал во областа Бруклин во Њујорк.

Дипломирал на Универзитетот во Чикаго во 1964 година.

Како студент бил активен организатор на протести за расна еднаквост и бил активист за граѓански права.

Беше избран за градоначалник на Бурлингтон во 1981 година како независен кандидат и беше реизбран три пати.

Победи на изборите за Претставничкиот дом на САД во 1990 година, претставувајќи го конгресниот округ на Вермонт, а во 2006 година влезе во американскиот Сенат. Беше реизбран во Сенатот во 2012 и 2018 година.

Тој е независен политичар кој има блиски односи со Демократската партија, а во 2016 и 2020 година беше еден од кандидатите на партијата за претседател на САД. Не успеа да стане кандидат на Демократската партија за претседател, но им даде подршка во „битката“ против Доналд Трамп и на Хилари Клинтон и на Бајден.

Интересно е да се напомене дека за време на “трката“ во Демократската партија стана миленик на младата популација во САД, која се саморганизираше и собираше донации за Сандерс.

Застапник е на социјалдемократската и прогресивна политика и е познат по своето спротивставување на економската нееднаквост и неолиберализмот.

Ги поддржува работничките права, платеното родителско отсуство, образованието без школарина, намалувањето на воените трошоци, ставањето поголем акцент на еколошките проблеми…

Сандерс пак себе си се опишува како демократски социјалист.

НОВ СЕКРЕТАР ЗА ТРУД?

Медиумите во САД деновиве пишуваат дека Сандерс може да биде новиот секретар за труд, но во игра за таа функција се уште тројца потенцијални кандидати.

Сандерс за медиумите изјави дека би ја прифатил оваа функција доколку му биде понуден добар концепт за работничките права.

Фото: Фејсбук/Сандерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 2.954 здравствени работници заболеле од Ковид-19, починале 21

Редакција

По нападот на Москва со дронови, Русија го обвини Западот за „непромислени“ напади

Редакција

Бензините поевтинуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Редакција