еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Беким Сали од Алтернатива, можниот наследник на Венко Филипче

Поради влегување на Алтернатива во Владата, без министерската функција ќе остане министерот за здравство, Венко Филипче, а голема е веројатноста негов наследник да биде докторот Беким Сали, кадар на Алтернатива, иако засега нема официјална потврда за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши откако се договори со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека во наредните денови ќе направат внатрепартиски консултации и кога ќе имаат решенија, рече, ќе го свикаат централното претседателство и ќе се донесат одлуките кои имиња ќе ги претставуваат во извршната власт.

Посочи и дека имињата што кружат во јавноста се шпекулација зашто тие се уште не се потврдени во партиските органи. Немаат одлука за здравство иако подолг период се спомнува токму Сали, кој за Заев би било прифатливо решение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев за смената на Филипче: Ќе станеме поголеми другари и ќе имаме повеќе време да возиме мотори

Заев и Гаши се договорија: Алтернатива влегува во Влада, Филипче излегува

Кој е Беким Сали

Беким Сали е стоматолог по професија и има сопствена ординација.

Влезен е и во бизнисот со текстил.

На пошироката јавност и стана познат за време на последните локални избори. Тој беше кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир, како предлог од Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Сали е оженет и татко на три девојчиња.

Судејќи според една од фотографиите објавена на неговиот приватен Фејсбук профил, очигледно со Филипче имаат иста страст – мотори.

Фото: Сали/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Концесионер за копање на руда уништи планинарски патеки под Руен

Редакција

Со закон ќе се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти

Редакција

Еден убиен и еден ранет во пресметка со пиштол во Шишево

Редакција