еМагазин
Image default
Македонија

Кој е докторот Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Дебар

Во трката за градоначалник на Дебар, Демократската унија за интеграција, на предвремените локални избори, на 21. април, ќе учествува со доктор Хекуран Дука, познат уролог, кој е актуелен вршител на должноста градоначалник.

Едногласна одлука за тоа синоќа донесе Претседателството на разгранокот на ДУИ за Дебар, на која за претседател на Изборниот штаб на разгранокот го избра Артин Спахиу.

Д-р Хекуран Дука е роден 1963 година во Дебар, оженет, татко на три деца.

Средно образование завршил во родниот град, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде завршил специјализација по урологија.

Вработен е во Општата болница во Дебар од 1994 година.

На последните локални избори, во 2017 година беше дел од кандидатската листа на ДУИ и беше избран за советник во Советот на општината.

Ова е втора официјална кандидатура за градоначалник на Дебар, каде избори се спроведуваат поради смртта на претходниот градоначалнк Ружди Љата.

Претходно Алијансата за Албанците го соопшти својот кандидат, д-р Арбен Аголи, познат дебарски педијатар. Подршка на Аголи му даде и Движењето „Беса“.

Д-р Аголи е роден во Дебар 1959 годна, оженет,татко на две деца. Средно образование завршил во Дебар, дипломирал на Медицинскиот факултет во Приштина а специјализирал педијатрија во Скопје.

Во струката има 34 годишен стаж,од кои 20 години како педијатар. Од 2004 година работи како матичен педијатар.

МИА/Фото: Фејсбук/Дука

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа три нови лица од Ковид-19 помеѓу кои и 44-годишна пациентка од Струмица

Редакција

Раководството на СДСМ ќе ja анализира досегашната коалиција со ДУИ

Редакција

Официјално: Рекордни 120 нови случаи на заразени со Ковид-19, во Скопје 67

Редакција