еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Филип Петровски, вториот официјален кандидат за претседател на државата

Филип Петровски е вториот официјален кандидат за претседател на државата, кој на престојната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ во Струга ќе се „бори“ да биде кандидат за претседател на опозициската партија за престојните претседателски избори.

Пред него официјална кандидатура објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, а не е познато дали на огласот на партијата се јавиле и други лица. Огласот заврши вчера.

Кој е Петровски?

Роден е во Куманово каде завршил основно и средно училиште.

Образованието го продолжил во Скопје на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Во 2006 година ги завршил магистерските студии по меѓународно право и политика, а четири години подоцна станал доктор на политички науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Водач на студентските протести во 1997 година

Во 1997 година, како апсолвент на Филозофскиот факултет во Скопје, беше еден од водачите на студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје, а до 2000 година бил претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 1997 до 2001 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот од 1998 до 2001 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во 2001 година е назначен за конзул во Њујорк, а под негова одговорност биле Северна, Средна и Јужна Америка.

Во 2002 година, Петровски е сменет од конзулската позиција во САД.

Во 2009 година Петровски стана член на партијата Обединети за Македонија, каде беше потпретседател на партијата.

Една година подоцна поднесе оставка поради несогласувања со партискиот претседател Љубе Бошковски.

На изборите во 2011 година настапи со својата нова партија Демократска десница, а по изборниот неуспех ја припои партијата кон ВМРО-ДПМНЕ.

Кои јавни функции ги има вршено

Во 2005 година е избран за директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, на чие раководно место остана до 2011 година.

Во 2012 година е избран за заменик-директор на Државната лотарија на Република Македонија, каде остана до 2015 година, кога беше избран за директор на Државниот архив на Република Македонија.

Фото: Петровски/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 5. февруари ќе се знае кој се пријавил за кандидат за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) И Филип Петровски се кандидира за претседател на државата

Студентите ја обожаваат: Која е Гордана Силјановска-Давкова, можен кандидат за претседател на државата

(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Бобан Стојановски: Што пишува во биографијата на новиот член на ДИК?

Редакција

Минималната синдикална кошничка во јануари пораснала за 770 денари

Редакција

Одлука на Владата: Од граница директно во државен карантин

Редакција