еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Горан Милевски, новиот министер за локална самоуправа

Горан Милевски, актуелен пратеник и претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе биде новиот министер за локална самоуправа.

Кој е Милевски?

Во неговата биографија, доставена до Собранието стои дека тој е член на ЛДП од 1995 година.

Тој е дипломиран економист во областа на меѓународна економија и магистар по бизнис администрација МБА- менаџмент на Економскиот факултет во Прилеп.

Завршил економско средно училиште во Битола, каде е роденен во 1978 година.

Во 2016 година е избран за пратеник на ЛДП, а пратеник бил и во периодот од 2014 до 2016 година.

Во периодот од 2004 до 2014 година бил вработен како наставник во економското училиште во Битола.

Од 2009 до 2013 бил советник во Советот на Општина Битола, а советник во Општината бил и во периодот од 2005 до 2009 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Горан Милевски, новиот министер за локална самоуправа

Шефот на кабинетот на бившиот министер Николовски, Трајан Димковски е новиот министер за земјоделство

Кои се тие функционери кои не ги фатила „метлата“, а местеле милионски тендери, за кои зборува поранешниот советник на Тевдовски, Јовановиќ?

Во биографијата на старо-новиот министер Садула Дураки заборавиле да стават дека не се „бави“ со граѓаните

Фото: Фејсбук/Милевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложувањето на преговорите го зголемува евроскептицизмот и лошо се одразува на политичката состојба, рекоа Пендаровски и Рикер на средбата во Вила Билјана

Редакција

(Видео) Ослободен новинарот Фуркан Салиу

Редакција

Белгија има највисока стапка на смртност од Kовид-19 во светот

Редакција