еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Хусни Исмаили, новиот министер за култура: Лекар, професор, уредник на книги и радио-драми

Новиот министер за култура, Хусни Исмаили, како што и е веќе познато на јавноста е лекар по професија. Овој податок предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а како ќе ја оправува културата во Македонија останува да видиме.

Кој е Исмаили? 

Роден е 1963 година во Тетово каде завршил основно и средно училиште. Завршил Медицински факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде и спецјализирал.

Магистар е по медицински науки во областа на ревматологија, а постдипломски студии завршил во Тузла, Босна и Херцеговина.

Доктор е по медицински науки.

Што работел? 

Како што стои во неговата биографија доставена до Собранието, работел како професор во средното медицинско училиште во Тетово, бил матичен лекар и лекар спецјалист, исто во Тетово.

Доцент е на Медицинскиот факултет при Тетовскиот универзитет.

Културни активности

Во неговата биографија има и посебен дел кој се однесува на неговите културни активности.

Имено во деведестите години од минатиот век бил уредник на книги, организатор на првиот Саем на книгата на приватните албански издавачки куќи, уредник на радио драми, уредувал радио емисии од областа на културата.

Бил уредник и раководител на 80 документарни телевизиски емисии на албански јазик и еден од основачите на издавачката куќа „Логос А„.

Автор е на повеќе научни трудови и изданија од областа на медицината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се тие функционери кои не ги фатила „метлата“, а местеле милионски тендери, за кои зборува поранешниот советник на Тевдовски, Јовановиќ?

Кој е Горан Милевски, новиот министер за локална самоуправа

Шефот на кабинетот на бившиот министер Николовски, Трајан Димковски е новиот министер за земјоделство

Каков имот пријавил старо-новиот министер Садула Дураки

„Метла ли е, центрифуга ли е?“: Твитер реакции за новите министри и реконструкцијата на Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешна 2023 година за НЛБ Банка: Силна финансиска поддршка за населението и стопанството, придонес во заедницата и одржливо работење

Редакција

Уште една трагедија: Пронајдено мртво момчето кое сакало да се разлади во Вардар

Редакција

Пендаровски во Мадрид се сретна со Шолц, разговарале за ЕУ, НАТО, Западен Балкан, војната во Украина

Редакција