еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е и колку е богат Виктор Орбан, пријателот на Груевски

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, повторно е во фокусот на македонските медиуми, откако унгарскиот портал 444, објави дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој стана азилант во Будимпешта, имал средба со државниот секретар на унгарското Министерство за надворешни работи.

Новинарот на 444 кој ја објави информацијата, при средбата со Груевски, меѓудругото го праша и дали се гледаат со Орбан.

Груевски не одговори.

Колку е богат Орбан?

За Орбан, со години се шпекулира дека благодарение на својата политичка моќ, успеал да „направи“ и огромно богатство, пишуваа изминатиов период неколку европски медиуми.

Секако, многу тешко може да се најде официјална потврда за тоа, од многу причини, пред се поради фактот дека, како и кај нашите политичари и бизнисмени, неговото име ретко фигурира некаде.

Орбан вреди 750 милиони долари?!

Во 2016 година тогашниот лидер на опозициската унгарска партија, Együtt, Viktor Szigetvári изјави дека унгарскиот премиер Орбан, „тежи“, ни повеќе, ни помалку – 750 милиони долари.

Од унгарските власти информацијата беше демантирана, а медиумите тогаш пишуваа дека ако овој податок е точен, тогаш Орбан е втор најбогат во Унгарија, позади унгарскиот милјардер Sándor Csányi.

Колкава плата има?

Според официјални податоци кои еМагазин ги најде на интернет од 2017 година Орбан има месечна плата од 6.489 евра или годишна од 77.869 евра.

Има пет деца

Орбан прв пат беше премиер на Унгарија во периодот од 1998 до 2002 година, а повторно на оваа функција е од 2010 година до денеска.

Има пет деца, четири ќерки, еден син и два внуци.

Орбан, како и Груевски  е голем фан на фудбалот, а пред да влезе во политички води играл и професионално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Груевски „тера“ бизнис на брод на Дунав

(ВИДЕО) Груевски во стан на Кинези во Будимпешта се сретнал со функционер на унгарското МНР

(ВИДЕО) Груевски не му одговори на унгарски новинар од што живее во Будмипешта и дали се видел со Орбан

Фото: Фејсбук/Груевски/ВМРО-ДПМНЕ/Орбан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор починат пациент од корона вирусот: Почина маж од Дебар на 63 годишна возраст

Редакција

Температура, малаксаност, кашлица: Кои се најчестите симптоми кај позитивните на Ковид-19 во Македонија

Редакција

(Фото) Реосмислување на модата: 28. сезона на Модниот викенд Скопје поставува нова парадигма за одржлив шик 

Редакција